Еклектичниот стил во овој стан ќе ве водушеви.
Дизајнерското студио Ardesia Design, работеше на редизајнирање на лондонскиот стан од 90 метри квадратни, кој се наоѓа во Maid Vale. Станот имаше 3 спални соби, мала дневна соба и бања, но после реновирањето, распоредот е целосно сменет.
Накратко, споена е едната спална соба со дневната соба, за да се добие голема дневна соба со отворен план, која ја вклучува и трпезарија. Малиот простор за магацин стана мини купатило.
Париските станови и медитеранските куќи (посебно тие во Грција), го инспирираа редизајнот на овој дом. Белата столарија, потсететува на мебелот кој можеме да го видиме на грчките острови а вратите на плакарите на париската атмосфера.
Палетата на боитее многу едноставна – мека бела и сива заднина, зачинета со црвената и сини акценти. Во кујната, мароканско сини цементирани плочки кои ја даваат динамична и глобална нота на целата атмосфера. Рустичниот допир е додаден преку дрвените столови, со кожните наслони за раце.