Детството е најбезгрижниот период од животот. Период кога можеме да правиме што сакаме и да изгледаме како сакаме, а ништо од тоа да не е важно сé додека се забавуваме и сме среќни.
Суштината и невиноста на детството “уловена“ на фотографија е резултатот од натпреварот B&W Child. Овој натпревар за црно-бели фотографии им дал можност на фотографите да ги доловат моментите на безгрижна детска игра или едноставно мечтаење и гледање преку прозорецот.
Децата на фотографиите се од повеќе раси и од сите страни на светот. Без разлика на кој континент живеат или кој јазик го зборуваат, ги делат истите игри и соништа.












