Уште неколку денови и службено влегуваме во пролетната сезона. Со потоплото време ќе ја симнеме од нас непотребната слоевита облека, дебелите волнени капи и шалови, кои ќе ги наредиме длабоко во гардероберот и вртиме нов моден лист.
Како на време да набавите едноставни модни парчиња кои се тренд за сезоната пред нас? Одбравме за вас модели од 5 трендови, кои ќе се вклопат во секој стил.
ПРОЛЕТЕН КАПУТ
Без разлика на сонцето и потоплото време, пролетта често знае да биде дождлива и со ветер, заради тоа секогаш со нас мораме да носиме јакна, балонер или лесен капут. Одберете модел на капут, кој најмногу и одговара на вашата фигура, а за бојата, одлучете се за некоја пастелна!
ПАНТОЛОНИ
Еден од најголемите трендови за пролетната сезона се 3/4 пантолони – идеални за потопло време кои лесно се стилизираат. Со чевли до глужд или секси штикли, лесно се претвораат од дневена во вечерна гардероба.
НОВО ПЛЕТИВО
Полуверите се секогаш добра идеја! Само за пролетната сезона изберете полесни и проsирни, вашата кожа да дише на поголемите температури. Со нежни пастелни бои, никогаш не можете да погрешите.
ЗДОЛНИШТЕ СО ИЗРЕЗ
Секоја сезона еден модел на здолниште, посебно се истакнува. Во сезоната зад нас тоа беше миди – молив здолништето. За оваа пролет тоа се здолништата со изрези, кои се доволно секси, да со нив покажете малку повеќе кожа, но и да останете доволно таинствени.
ПРЕКРАСНА КОШУЛА
Никогаш доста од кошули! Кошулата е она клучно парче од облеката, која секогаш можете да ја извадите од гардероберот токму кога “немате што да облечете”.