Iris Scott од Бруклин е уметник која користи само прсти при изработување на нејзините слики. Понекогаш таа користи дури и 100 различни бои и постигнува деталност која би го привлекла и детското око, како и она на еден колекционер на уметнички дела. Нејзините слики се одликуваат со текстура и динамичност.
Iris сака да постигне слики кои се во исто време и бегство од реалноста, но и олицетворение на препознатливото. Текстурата, живите бои и интересната тематика ги прават овие слики уште попривлечни и поинтересни.