Познатиот моден бренд “Dolce&Gabbana” ја претстави својата најнова колекција на очила за сонце наречена Sicilian Carretto за сезоната пролет-лето 2016 година. Оваа впечатлива модна линија во себе го содржи богатиот сицилијански дух со елементи на средновековието. Експлозија на бои кои едноставно ќе ве остават без здив, црвена, кобалтно плава, златна, жолта преовладуваат во оваа извонредно дизајнирана колекција. Ви претставуваме дел од неа. Погледнете и одберете за себе еден од моделите.