Влијанието на уметничките слики врз секојдневниот живот е огромно, и тоа во сите сфери. Многу режисери низ годините наназад се инспирирале од сликарството, па така во многу филмови се забележуваат сцени што потсетуваат на некоја од познатите, класични слики. Како љубител и на филмот, и на сликарството, Вугар Ефенди направи интересно видео со примери на оваа тема. Погледнете за што станува збор.