Единствениот таен агент кој што е потполно опремен.
Ноби е симпатичен, но прилично глупав навивачки хулиган од Англија. Тој ќе се здружи со својот одамна загубен брат, Себастијан, агент на МИ6 со дозвола за убивање. Ноби, заедно со својот брат ќе треба да спречи глобален терористички напад и да докаже дека зад секој голем шпион стои братот близнак од кого треба да се срамиш.
Човекот кој ги донесе Али Џи и Борат се враќа како Ноби. Англискиот актер, Саша Барон Коен, повторно ќе имаме можност да го гледаме во откачената комедија „(Не)професионалец“ каде што се обединува со Марк Стронг за спасување на светот. Сега сите сме во „сигурни“ раце!
Шпион од МИ-6 (Марк Стронг) има брат. За жал, тој е англиски хулигански фудбалер од градот Гримзби. Ноби има сѐ што еден маж од сиромашен англиски град би посакал – 9 деца и најатрактивната жена во северна Англија (Ребел Вилсон). Но, има една работа што недостасува во неговиот живот: неговиот мал брат Себастијан.
Од кога биле посвоени од различни фамилии како деца, Ноби поминал 28 години барајќи го својот брат. Штом слушнал за неговата локација, Ноби тргнува да се обедини со неговиот брат, не знаејќи дека не само што неговиот брат е шпион на МИ-6 туку и дека открил завера која ќе го стави целиот Свет во опасност. Бегајќи и неправедно осуден, Себастијан ќе сфати дека ако тргне да го спасува светот, ќе му биде потребна помош од брат му.
Премиерното прикажување на „(Не)професионалец” пред македонската публика бешe на 03.03.2016, по што филмот е поставен на редовната кино програма во Cineplexx.
Divianarts.com е медиумски покровител на кино Cineplexx МК.