Ви претставуваме мала, но мошне убава гарсониера со површина од само 28 метри квадратни, каде секое катче има своја намена и естетика. Проектот е дело е на дизајнерката Алена Фокина, а инспирацијата ја пронашла во динамичниот животен стил кој го негува нејзината млада клиентка. Светлосивата, беж и белата боја се вешто искомбинирани со појаки колоритни акценти, како лимета и виолетова боја. На тој начин, дефинирани се поедините зони во овој мал ентериер со отворен распоред. Кујната, каде доминираат плочките со геометриски дезени, издвоена е од дневната соба со виолетовиот кујнски остров. Дневниот престој, пак, го краси ниска и удобна модуларна софа која со само неколку потези се претвора во помошен лежај. Во делот за спиење, пак, кој се наоѓа спроти кујната, акцентот е ставен на ѕидот бојадисан во интензивна зелена боја, а како декоративен елемент се провлекува и во претсобјето и во бањата. Во продолжение, погледнете ги фотографиите и инспирирајте се!