Реновиран и преуреден така што би ги сочувал изворните детали на самата зграда, ентериерот кој ви го прикажуваме во продолжение воодушевува со спојот на елеганцијата и минимализмот. Просторот е со површина од 62 метри квадратни, а уреден е стилски и со вкус, со примена на нежна палета на тонови и доминантна бела боја. Златните детали се провлекуваат суптилно низ ентериерот, придонесувајќи за софистициран декоративен ефект. Благодарение на добриот план и распоред, станот располага со простран дневен престој, кујна, спална и детска соба, плус бања и балкон, одговарајќи на потребите за живот на тричлено семејство. Погледнете ги фотографиите и пронајдете ја омилената идеја и за вашиот дом.