Материјалите користени ви колекцијата на еколошки освестената модна дизајнерка Олие Глаголева и на московската уметница Лиса Смирнова, се кашмир, органски индиски коноп и памук, фармерките од 80-те години, карирани парчиња купени од пазар во Велс и винтиџ крпи со потекло од познатиот лондонски Портобело Роуд.
Колекцијата “Artist At Home“ ја раскажува приказната за сликарката која своето студио го преселила во домот на дизајнерката и со заеднички сили ја креирале оваа колекција. Приказната за овој креативен процес, потполно ќе ве заведе, воведувајќи ве, во паралелниот свет на двете личности – на уметницата и дизајнерката. Секое парче е направено само еднаш, секое е украсено со рачна работа, кое од далеку изгледа како да станува збор за – со боја испрскано. Секое везење на тие детали траело по 100 саати за да изгледа совршено, а за совршенството се потрудила самата уметница Лиса.