Никогаш доста од инспиративни животни простори, нели? Денес ви претставуваме една совршена куќа која наликува на романтична колиба од некој роман од 16-от век, а се наоѓа во националниот парк во Западен Сасекс, Англија. Шармантна и опкружена со зеленило, куќата наречена “Daymans” може да се купи за цена од 2.5 милиони долари. Бајковитата колиба е како создадена за мир и одмор. Ентериерот е во рустикален и традиционален стил, со дрвени греди и камин. Во куќата има кујна, голема трпезарија, пространа дневна соба за целото семејство, две спални и три тоалети. Во дворот има и посебен објект со мала кујна и уметничко студио.