Издолжени нозе, практични чевли и минимална болка во стапалата – тоа се трите амбмбиции на италијанскиот дизајнер Gianvito Rossi, кога ги создава своите чевли. Неговите последни дизајни, презентирани за време на миланската модна недела, се дел од прекрасната колекција за пролет – лето 2016. Од високи топуци па се до растегливите материјалите, неговата естетика е една од тие кои ги создаваат трендовите во модната индустрија. Малку ја намали восоката пета, но, затоа ја зголеми удобноста на своите чевли, а при тоа ништо немаат изгубено на ексклузивниот дизајн.