Крадец му се приклучува на митски Бог во мисија преку Египет.
Опстанокот на човечкиот род е во опасност кога Сет, безмилосниот бог на темнината, ќе го узурпира Египет и развиената и напредна империја ќе ја претвори во хаос и немир. Надевајќи се дека ќе ја спаси својата вистинска љубов, смртникот Бек, вешт крадец, прави договор со моќниот бог Хор.
На големото платно пристигнa спектакуларната акциона авантура „Боговите на Египет“, со Џерард Батлер во главната улога. Филмската екранизација на митските борби на боговите во кои верувал стар Египет, ја режираше Алекс Пројас, познат по филмовите „Јас, робот“ и „Гавранот“. Во филмот на Пројас за смртниците и боговите од антички Египет, глумат и ѕвездите: Брентон Твејтс, Николај Костер-Валдау, Кортни Итон, Аби Ли и Џефри Раш.
Филмот изобилува со визуелни ефекти, многу битки, конфликт на митски богови и елементи од египетската митологија. Опстанокот на човештвото зависи од смртниот херој Бек (Брентон Твејтс) кој заминува на возбудливо патување да го спаси светот и неговата вистинска љубов.
Во центарот на дејството е митот за Озирис, односно за боговите Сет и Хор. Сет (Џерард Батлер) е оној што го измамува и убива брата си Озирис и е непријател на Хор (Николај Костер-Валдау). Во митологијата тој му го извадил левото око на Хор, додека Хор му отсекол нога.
Сет, безмилосниот бог на темнината, го превземал тронот во Египет и некогашната мирна и просперитетна империја ја уништил со хаос и конфликти. Неколкумина се осудуваат да му се спротивстават. Младиот крадец Бек, чија љубов била заробена од страна на богот Сет, се стреми да го порази со помош од моќниот бог Хор.
Откако ќе му го врати видот на ослепениот Хор, тие ќе му се спротивстават на владеењето што го уништува Египет. Големата битка против Сет и неговите приврзаници ќе ги однесе дури во подземниот свет. Епската борба за спас на човештвото нè води низ многу необични места и верувања на мистичниот Египет.
Премиерното прикажување на „Боговите на Египет“ пред македонската публика бешe на 25.02.2016, по што филмот е поставен на редовната кино програма во Cineplexx.
Divianarts.com е медиумски покровител на кино Cineplexx МК.