Zara Home ја претстави неодоливата кампања за пролет/лето ‘16, полна со живописни идеи и инспиративни предлози за будење на сончевото расположение во домот и градината. За таа намена, популарниот шпански бренд понуди повеќе тематски линии на производи и аксесоари за сечиј вкус, исполнувајќи ги сите очекувања на верните купувачи. Од украсни перници, садови и шолји, па се’ до декоративни чаршафи и прекривки – богатата понуда на детали е вистинска инспирација за освежување на домот во пресрет на новата сезона. Ароматизерите за воздух и миризливите свеќи, пак, се уште еден додаток за лесно внесување на пролетта во животниот амбиент. Фотографиите за промотивниот каталог се направени во величенствен древен замок во јужна Франција. Уживајте во убавата и романтична идила со новата колекција на Zara!