Пролетта е доба кога секогаш одново ја спознаваме убавината на овој свет. Таа е симбол за надеж, сила, енергија и љубов. Таа е инспирација и мотив сама по себе. Во пресрет на календарското пристигнување на пролетта, ви претставуваме 20 прекрасни пролетни фотографии, кои ќе направат да се почувствувате живи и радосни што сте дел од оваа планета. На нив, главната ролја ја имаат преслатки животни, кои се радуваат на доаѓањето на новото годишно време, на раззеленетата природа и расцутените дрвја, подеднакво како и луѓето. Во продолжение, уживајте во нашата галерија која ќе ви изнуди насмевка на лицето.