За студентот не постои ништо пострашно од размислувањето за испитите. Стресот со кој тогаш се соочува тешко се мери, но едно е сигурно – може да го одбегне. Ако се верува на искуството, токму тремата пред испит е причина за послаби резултати, послаби оценки. Причина за тоа е потрошената енергија и време за грижата и паниката, отколку на концентрацијата и разбирање на темата.
Затоа ви предлагаме 9 начини како да се решите од проблемите или нападите на паника пред испитите…
- Почнете со мала медитација.
- Планирајте го точно времето и распоредот на учење и стриктно водете се по него.
- Внимавјате распоредот да содржи доволно квалитетни кратки одмори.
- Не учете со поголема група на студенти.
- Одбегнувајте ги социјалните медиуми – може само за време на паузите.
- Не се оптеретувајте прашувајќи ги колегите колку тие научиле или колку прочитале од испитниот материјал.
- Запишувајте ги белешките.
- Не ги прескокнувајте оброците.
- Осигурајте си доволно количество сон.