По повод светскиот ден на Жената, во вторник, 8 Март, со почеток во 20 часот, Македонската опера и балет приредува концерт насловен: ЗА ДАМАТА…Гала вечер, со кавалерите на МОБ!
За концертот е предвидена специјална програма, составена од популарни арии, увертири, хорски нумери и наполитански канцони. Покрај оркестарот на МОБ, ќе настапат исклучиво машки исполнители, солисти и машкиот хор. Борис Трајанов и Марјан Јованоски (баритони), Цветан Стојановски, Ѓорѓи Цуцковски, Зоран Сотиров и Марјан Николовски (тенори) и Владимир Саздовски (бас).
По исклучителната изведба на сценската кантата „Кармина Бурана“, оркестарот повторно ќе го предводи младиот диригент Иван Еминовиќ, а со неколку изненадувања вечерта ќе ја збогати режисерот Дејан Прошев.
Македонската опера и балет на сите жени им го честита празникот 8 Март, а овој концерт ќе стане традиционален токму во нивна чест.
Divianarts.com е медиумски покровител на МОБ.