Стресот е ситуација која не може да се избегне – без разлика на тоа која работа ја работите или каков живот живеете. Да се постигнат роковите на работа, на факултет или дома, да се завршат работите во последен миг, сообраќен метеж, состаноци и друго. Во денешно време доволна е и најмала работа да ве исфлри од такт и да добиете стрес. Во продолжение, дознајте неколку совети како самите да си помогнете во стресни ситуации……
ЗАПИШЕТЕ ШТО ВЕ МАЧИ
Хартијата и моливот се вашите најдобри пријатели. Така не само што на кратко ќе заборавите на некои работи, туку ќе ги прочистите мислите и ќе можете на раат да продолжите со работата, денот и обрските…
ПОРАБОТЕТЕ НА ВАШИОТ РАБОТЕН ПРОСТОР
Вашиот работен простор треба да биде едноставен и чист. Доколку работите во несредена просторија, се околу вас подсвесно ќе биде збунувачко за вашиот мозок. Се нека биде едноставно. Сем мобилниот телефон и компјутерот, добро е до вас да има цвеќе или чаша вода.
СМЕНЕТО ГО ВНИМАНИЕТО НА НЕШТО ДРУГО
Најдете се со вашата најзабавна пријателка и добро најсмејте се заедно! Ова ќе ви помогне да ги префлите мислите од работите кои ви предизвикуваат стрес. Или можеби на YouTube погледнете неколку забавни видеа.
ХРАНАТА КАКАО УТЕХА
Иако многумина ќе речат дека ова е најштетното нешто што можете да го сторите на своето тело – ние ќе го кажеме спротивно! Доколку сте под голем стрес на работа, зошто да не се почестите со некое слатко? Шеќерот ќе ви ја крене енергијата и ќе ви помогне во извршувањето на работните задачи тој ден. Секако во ништо, па така ни во ова не треба да се претера!
ОПУШТЕТЕ СЕ!
Вежбајте, наполнете ја кадата и уживајте во топла купка или направете нешто што силно ќе ве развесели. Потсетете се самите себеси дека заслужувате нега и внимание. Понекогаш сите други обврски се поважни од вас – дури и вашето здравје, на него најмногу внимавајте!