Домовите кои се уредени со неутрална палета на бои вообичаено се сметаат за умерени, минималистички и невпечатливи. Сепак, и тие може да бидат подеднакво богати, енергични и полни со живот, како и сите останати домови. Кога е разноврсноста на неутралните нијанси во прашање, станот кој ви го прикажуваме во продолжение е одличен пример за нивната сестрана примена во ентериерот. Направена е брилијантна комбинација со широк спектар на тонови и текстури, а нагласени се со изборот на стилски решенија за осветлување, во тандем со прекрасни парчиња мобел од современи дизајнери. Визуелизацијата на ентериерот е дело на студиото Koj Design, а нуди паметни, софистицирани и елегантни идеи за уредување на животниот амбиент. Погледнете ги фотографиите и инспирирајте се!