Каква облека ќе носиме на есен – и во зима 2016 година?
Дизајнерите Alexander Wang, Calvin Klein и Marc Jacobs на своите модни ревии покажаа се, од карирани модели до шарени бунди. По тоа што можеше да се види, не чека една од позабавните есенски сезони!
Одбравме 4 модни трендови кои најмногу ни се допаднаа – посебно заради едноставноста и нагласената женственост.
Каро принт!
Карото, повторно се врати на пистите во New York, но дизајнерите го претставија на малку поинаков начин. Одамна поминаа деновите кога карото се носеше исклучиво со grunge и rock’n’roll стилот. Овој пат, го видовме во женствена интерпретација, на лелеавите фустанини со асиметрични кроеви. За сезоната есен-зима 2016. очекуваме многу јакни, здолништа во А крој и модни додатоци на овој постојано интересен принт во поинакво издание.
Victoria Beckham // Coach 1941 // DKNY
Многу плиш!
Од дневни пантолони па се до вечерниот гламур, оваа луксузна ткаенина во сезоната пред нас, ќе доживее бум! Импресивни тоалети од плиш, во дневни младешки форми или пак, некои во издание на готиката – плишот, секако ќе биде материјал и тренд кој ќе го гледаме секаде.
Marc Jacobs // Ralph Lauren // Lacoste
Кожни капути со висок сјај!
Многу дизајнери го прифатија трендот на висок сјај, кога ги одбираа материјалите за капути за новата колекција. Од кежуал капутите па се до балонерите, висок сјај се најде скоро на секоја ревија на њујоршката модна недела.
Lacoste // Tommy Hilfiger // Proenza Schouler
Шарени бунди!
Студената сезона секогаш ги носи бундите, но за есента 2016. дизајнерите припремија доста шарен тренд. Без ралика дали се работи за право или вештачко крзно, крагните и капутите сигурно ќе привлекуваат многу внимание од крзната во разните бои и нијанси. Луксузни, женствени изгледи кои ги видовме на модните писти на модната недела во New York, секако се крзнените парчиња кои ќе бидат важен детаљ на сезоната.