Абхазија е територија која е меѓународно призната како дел од Грузија. За време на постоењето на поранешниот Советски Сојузоваа областа важела за едно од најубавите одмаралишта и летувалишта. Сухуми, главниот град на Абхазија е познат ширум свтетот по својата несекојдневна скоро волешбна убавина, по своите лековити води, преубавите шеталишта и по својата космополитска атмосфера. Во 2008 година Абхазија ја прогласи својата независност како држава и е признаена од страна на многу држави ширум целиот свет како што се Русија, Никаргва, Венецуела и мн. други. После многу бурни и воени збиднувања земјата е повторно отворена за посета на туристи.Интересен е фактот што Абхазија е единствена земја во светот каде што виза се купува не при влезот туку при напуштање на земјата. Исто така тука треба да споменеме и дека во оваа земја не постојат мобилни телефони ниту платежни картички,па така ако сакате да ја посетите Абхазија ќе треба сето ова да го имате во предвид. Една од најголемите атракции во Абхазија е НОВИЙ АФОН. Тое е всушност познатото место каде што пред стотина година неколку руски монаси кои дошле од Света Гора на ова место го изградиле манастирот кој што и ден денес привлекува многу посетители со својата убавина. Во негова близина се наоѓа преубаво шеталиште и мало езерце кое ќе ве маѓепса со својата убавина. Ако ви е претопло имате можност со помош на воз да стигнете до огромната пештера каде што со помош на локален водич ќе може да уживате во убавините кои тука ги направила природата во преубавите сталактити и сталагмити. Интересно и необично место за посета, драги наши читатели во продолжение погледнете ги убавините на Абхазија!!