Нежна и романтична се вистинските зборови со кои може да се опише најновата мејкап колекција на Yves Saint Laurent. Таа е наречена “BOHO STONES”, а во неа преовладуваат нежни, пастелни тонови. Оваа лежерна колекција е наменета за сите дами кои пред се ја ценат својата слобода и независност.
1.GYPSY OPAL PALLETTE FOR FACE
Оваа палета за лице ќе му даде свежина и сјај на вашето лице. Застапени се четири прекрасни нијанси кои ќе ја покријат нееднаквоста на вашата кожа. Секоја од овие нијанси се нанесува посебно. Светло-зелената ќе го покрие црвенилото на лицето, розевата ќе ви даде свежина, додека златно-жолтата боја ќе ви даде сензуалност и сјај на вашето лице. За префинет изглед може да благо да поминете со вашата четкица по сите нијанси и така да нанесете на вашето лице.
2.COUTURE PALLETTE FOR EYES
Со боја на скапоцен јаспис, палетата за очи INDIE JASPE зрачи со еден вид на современост и слободен дух. Веднаш штом ќе ја отворите оваа прекрасна палета прво што ќе ви падне во очи е сребрената нијанса, повикувајќи да нанесете и да блеснете во сиот свој сјај. Поиграјте си со зелената и нијансата на праска и постигнете раскошен сјај, додека за завршниот ефект нанестет ја бојата на жалфија.
3.VOLUME EFEKT MASCARA FAUX CILS
На прагот на пролетта заблескајте со сјајните бои на новите маскари на YSL. Тие ќе ви овозможат драматичен изглед со ефект наTIE-DYE. Може да ги нанесете сами по себе или како горен слој врз црна маскара. А може да си поиграте и да нанесете една боја на горните а друга на долните трепавици.
4.ROUGE PUR COUTURE VERNIS A LEVRES
Прекрасни нијанси на кармини со кои ќе успеете да ја постнете саканата свежина и сјај во вашиот изглед.
5.LA LAQUE COUTURE THE OPALESCENTS
Ова најново издание на палета на лакови за нокти на Ив Сент Лорен се содржи од две нијанси
1.LOVE PINK 69, Неверојатно женствена и рафинирана розева нијанса која се прелева во некоклу нијанси.
2.PEACE GREEN; Нежна зелена нијанса с тон на зелен јаспис
Погледнете!!