Кога станува збор за скандинавските домови, дневните соби секогаш привлекуваат најмногу внимание, но овојпат одлучивме да ви покажеме дека и спалните соби не се за потценување. Препознатливи по чистината, минимализмот, белината и деталите во боја, ентериерите во скандинавски стил можат да понудат инспирација буквално за секое катче од домот. Ви претставуваме 29 прекрасни спални соби кои изобилуваат со убави дизајнерски идеи, а иако секоја од собите е посебна и единствена, сепак, ќе забележите дека некои карактеристични елементи им се заеднички. Сите соби имаат големи прозорци, а на секоја страна од креветот се поставени традиционални ноќни орманчиња, винтиџ комоди или масички. Ѕидовите се најчесто бели, а посебно занимливи се решенијата за осветлување на просторот. Пронајдете ја омилената тема за вашата зона за одмор и релаксација.