Со години, култните дизниеви принцези и нивните јаки карактери се инспирација за илустраторите, фотографите и уметниците, кои одново ги осмислуваат иконските изгледи на овие цртани убавици. Веќе видовме како би изгледале кога би биле оживеани во стварноста, но и насликани на платно, како модели на модните писти, студентки, па дури и негативци. Сега, ви ги претставуваме овие дами како аниме хероини, односно ликови во јапонската анимирана уметност, а насликани од талентираната пакистанска уметница, која создава и објавува илустрации под псевдонимот Maryam.