Романија е една од најмистичните и наjживописните земји во Европа. Земја, чии стари калдрмени улици, мистериозни шуми и градби во кои провејува духот на средновековието, ги мамат воздишките на светските патници. Земја, која фасцинира со својата скромна и смирена убавина, прекрасните Карпатски планини и чудесните фрески во древните православни манастири. Најдоброто нешто кое можете да го искусите се величенствените средновековни замоци; според легендата, и грофот Дракула живеел во еден од нив. Доколку сакате да појдете на патување низ волшебното минато на Европа, тогаш не двоумете се да ја посетете и оваа сликовита земја, каде секој агол крие историја и легенди.