Без разлика колку години имате, 25 или 65 години, одредени парчиња облека повеќе не стојат исто како кога сте биле помлади. Од друга страна пак, постојат универзално прифатени трендови кои функиционираат на секоја возраст – црни чизми, молив здолниште и сега, блузи со отворени рамена!
Тренд блузите со отворени рамена, изненадувачки добро изгледаат на жените од сите возрасти, затоа што сите рамена изгледаат прекрасно. Тоа е навистина така – прекрасен дел од телото за покажување! Погледнете различни модели на мајци и блузи со отворени рамена и неколку начини како да се носат.
Доколку го немате ова клучно парче, секако веднаш набавете го!