Кога станува збор за слоевитост во облекувањето, тогаш кошулите и џемперите имаат главна улога. Дозволени се онолку парчиња колку што посакувате, се’ додека комбинацијата изгледа добро стилизирана. Кошулите и џемперите се достапни во секакви бои, со различен стил и дизајн, па постојат мноштво разновидни топли комбинации кои можете да ги направите и облечете во текот на студените месеци. Ви претставуваме 36 модни предлози како да изгледате убаво и модерно, а притоа да се чувствувате удобно и пријатно во тоа што го носите. Погледнете ги фотографиите и пронајдете ја вашата омилена комбинација.