Њујорк е полн со осамени луѓе кои ја бараат својата друга половина. Она што е заедничко за Алис, Робин, Луси, Мег, Том и Давид е потребата да научат да живеат соло во свет полн со различни дефиниции за љубов.
Случаен секс, состанок на слепо, кога да се земат, страв од обврски. Ова најдобро го разбираат тие што се соло. Постои вистински и погрешен начин да се биде соло, а постои и начинот на Алис. И на Робин, и на Луси, на Том, Мег и на Дејвид.
Четири девојки со кул совети, ќе им помогнат на сите да научат „Како да се биде соло“ во свет полн со разни дефиниции на љубов. Тие нема да ве остават да здивнете од забава и смеа, а особено нема да ве остават на вода бидејќи сметаат дека треба нешто појако. Едноставно ќе уживате во најдобриот дел од вашиот живот.
Њујорк е полн со осамени срца што трагаат за „она вистинското“, за „набрзинка“ или за нешто помеѓу. Некаде меѓу сите тие пораки полни со флерт и сексот за една вечер, тоа што е заедничко за сите соло луѓе е потребата да научат како е да се биде соло во свет во кој правилата на љубовта постојано се менуваат. Да се спие наоколу во градот што никогаш не спие, никогаш не било позабавно.
Според нив нема ништо подобро од смеење со пријателките. Затоа, на 14-ти февруари на „Денот на вљубените“, во киното Cineplexx ќе се одржи Ladies Night. Сите девојки ќе ги очекува многу смеа, убави подароци и изненадувања, а пред сѐ одличен филм.
Премиерното прикажување на „Како да се биде соло“ пред македонската публика e на 11.02.2016 (четврток), по што филмот ќе биде поставен на редовната кино програма во Cineplexx.
Divianarts.com е медиумски покровител на кино Cineplexx МК.