Air Force 1 патиките, најпрво се прославија ширум светот во кошаркарските кругови, а многу брзо потоа овој легендарен модел стана главно обележје и на хип-хоп културата. По 34 годишното нивно постоење и преку 2000 негови варијации овој модел многу успешно го задржа својот препознатлив облик. Дизајнерите на Најк имаа најпрво на ум да го задржат препознатливиот облик и го прифатија предизвикот да го спојат оригиналниот изглед и лесниот (FLYKNIT) материјал. Со користење на оваа технологија овозможено е прецизно конструирање на секој посебен дел од патиките со што би се овозможила максимална удобност и минимална тежина. Најновите модели на Air Force 1 е два пати полесен од оној кој бил произведен во 1982 година. Освен инсистирањето на дизајнерите за максимална флексибилност и леснотија, тие внимавале и на клучните обележја да бидат задржани на моделот.
Swoosh Logo е задржано на страничната позиција на моделот, а овој пат за прв пат е
лансирана во кожена варијанта. Во текот на последните 30 години славниот модел на вие патики го задржа водечкото место како во спортските така и ви хип-хоп круговите. Соработката со познатиот дизајнер Richard Pischiсамо го потврди легендарниот статусна Air Force 1 патиките со што тие го завземаат едно од најзначајните места во модата.