Ви претставуваме компактен мини стан со површина од само 28 метри квадратни, дизајниран и уреден за потребите на млада двојка. Сместен е во Сочи, Русија, а дело е на архитектката Олеся Пархоменко. При конципирањето на проектот, главните барања на станарите биле да се создаде позитивна и релаксирана атмосфера во ентериерот, да содржи минимум парчиња мебел и само основните нешта за пријатен престој, како и да не се затвора балконот, за да можат да уживаат во убавите глетки. Резултатот е динамичен, игрив и младешки дизајн, со кој максимално се искористува расположливата квадратура, а сепак е умерен, минималистички и воопшто не е задушен. Изоставен е класичниот дневен престој, за сметка на спалната соба која има централно место во домот, а следејќи ги желбите на сопствениците, кои преферирале место за одмор и опуштање. Доминира белата боја, во тандем со впечатливи сини и жолти акценти, како и декоративни циглени ѕидови, што на просторот му дава урбан, модерен и скандинавски призвук. Во продолжение, погледнете ги фотографиите и пронајдете ја омилената идеја и за вашиот животен амбиент.