Ви претставуваме визуелизација на трособен станбен простор со површина од 102 метри квадратни, уреден наменски за потребите на младо семејство. Се карактеризира со примена на смели бои и дезени во ентериерот, а секоја зона има посебна палета на светли, темни и богати тонови. Во дневниот престој доминантни се виолетовата и жолтата – необичен и екстравагантен тандем, а истовремено пријатен за окото. Спалната соба ги комбинира тиркизната, кафената и класичната бела боја, што се покажува како одлично решение за катчето за одмор и релаксација. Цветните дезени и неутралните тонови се изборот за бањата, која е стилизирана многу убаво и со вкус. Детската соба, пак, воодушевува со креативноста, игривоста и забавните парчиња мебел. Погледнете ги фотографиите и инспирирајте се од дизајнерските идеи кои ги нуди овој прекрасен семеен стан. Проектот е дело на студиото EEDS.