Ве водиме во убаво и функционално уреден стан во поткровје, чија вкупна површина изнесува скромни 37 метри квадратни. За да се обезбеди доволно место за сите потребни соби, ентериерот е организиран како отворен простор. Кујната и дневниот престој се споени во една целина, а го сочинуваат средишниот дел на станот. Доминира белата боја, со што ентериерот делува многу попростран од она што навистина е, а за неговиот воздушест амбиент придонесува и големото количество на дневна светлина која продира низ кровните прозорци. Покрај убавите украсни детали, шик изгледот на ентериерот се должи и на оголените бетонски ѕидови, кои не само што се многу практични, туку и придонесуваат за естетиката на овој мини дом во поткровје. Погледнете ги фотографиите и пронајдете ја омилената идеја и за вашиот животен простор.