Доколку некогаш сте посакале да се изгубите во снежната идила на француските Алпи, тогаш вилата Tichka е идеално место да ги остварите сите свои сништа. Сместена е во мало и идилично село во близина на Мерибел, а со дизајнот на ентериер и удобноста, вилата може да се натпреварува дури и со најлускузните модерни алпски одморалишта во Куршевел или Зермат. Прекрасните бели и црвени декорации и даваат изразена стилска нота, претворајќи ја вилата во планинска оаза за пријатен семеен престој, или, пак, совршено место за романтично бегство на љубовна двојка. Погледнете ги фотографиите и инспирирајте се во пресрет на викендот.