Франсускиот дизајнер Gilles Belley неодамна дизајнираше систем на мебел наречен ROOMS, кој го развива односот помеѓу домашните активности, создавајќи простори за живот и работа, од мебелот кој тој го креира. Колекцијата „ROOMS“ се состои од три различни објекти: „AREA“, „BLOCK“ и „WALL“. „AREA“ е објект, односно мебел кој може внатре во простотијата да направи подпросторија која наликува на затворена книжара, додека „WALL“ како што и самото име кажува, sид кој совршено креира работен простор.
Нас, посебно не интересира мебелот „BLOCK“, односно најмалата функционална спална соба со сите потребни елементи – од кревет, плакар,отворени полици, скали, па се до работната маса. Секој од споментите парчиња мебел, па така и „BLOCK“ на свој начин формираат простор и така го создаваат, делат и оградуваат. Секој се состои од модули кои се прилагодуваат на одредена организација на просторот.