Франсоа први, кралот на Франција, еден од најголемите љубители на уметност во своето време, сакал своето кралство да го направи центар на Ренесансата во Европа. Тој во 1540 година го поканил Бенвенуто Челини на вечера и му понудил награда од 1000 скуди (огромна сума на пари во тоа време), да му направи соларник од чисто злато. Челини работел цели 3 години на овој проект за да го создаде ова ремек дело, триумф на Флорентинската уметност. Двете фигури кои седат со преплетени нози се Посејдон/ богот на морето/ и божицата Тера /божица на земјата/.
Овој монумент во златарската уметност од чисто злато со 28cm висна, создаден во Париз помеѓу 1540 и 1543 година, подоцна припаднал на надвојводата Фердинанд од Тирол, а сега е дел од империјалната колкеција во Виена.
Од 2003 – 2006 година цела драма се одвиваше во Виена кога тамошната полиција го бараше украдениот соларник, проценет на 35 милиони фунти, плашејќи се за неговата судбината, евентуално да не е претопен заради самото злато. Беше пронајден на 50 км од Виена во една шумичка длабоко закопан помеѓу 4 обележени дрвја.