Рејчел Туфел, како мала обожувала да го поминува времето со баба и во кујна правејќи колачи, но својата страст за декорирање колачи ја открила подоцна, кога пораснала. Посетила неколку курсеви за декорирање на торти и потоа отворила и свој дуќан. Дизајнот кој го создава Рејчел кога се во прашање тортите е индивидуален и приспособлив. Од тие причини таа бара фотографии од фустанот, дизајн на поканите, кои бои и материјали ќе доминираат и се што има врска со визуелното планирање на свадбата. Зато и не е чудно што 6 месеци порано се нарачува тортата.
“Сите мои торти се инспирирани од клиентите, сакам да го фатам моментот од венчавката на самата торта, креирајќи детаљ од венчаницата или спомен кој ги врзува. Секоја торта мора да биде и мало уметничко дело” – вели Рејчел