Со прекрасните машки модели на Balmain на Париската модна недела, за есенска колекција за мажи 2016. Oliver Rousteing на писта ги прати и големите женски модни имиња како Alessandrа Ambrosio, Lily Donaldson i Isabelа Fontanа, кои прошетаа некои парчиња од женската колкекција!
Девојките ги носеа новите изгледи со познатите мотиви и апликации на францускиот дизајнер. Богати тонови на накитот, лелеави реси и тесни фустани кои изгледаат како втора кожа – сите го најдоа својот пат на машката модна писта на Балмен. Alessandra Ambrosio носеше елегантна комбинација на јакна и фустан со корсет на половината.