Поминете го денот помеѓу група млади архитекти и дизајнери кои делат многу заеднички нешта, се запознаваат, отпочнуваат соработка и развиваат деловни активности. Јавна соба нуди бесплатен заеднички простор со инспиративна деловна атмосфера, погоден закористење од страна на архитекти, дизајнери и слични креативни профили.
Иако функционира како дизајн центар, просторот во приземјето на Јавна соба секојдневно го користат голем број на креативци, пред се фриленсери, како своја отворена канцеларија. Ова е вистинска урбана фузија од интимна атмосфера, дневна светлина, млади професионалци и деловни успеси, перципирана како бизнис комуна во која сите успешно соработуваат и заработуваат.
Маса до маса во галериско барски стил, сите овие различни карактери на млади
професионалци делат заеднички нешта преку соработката која што ја остваруваат.
Повеќето од нив работат на проекти за странски и домашни компании, соработуваат едни со други, односно се помагаат со разменување на мислења, давање критики и
конструктивни предлози. Бенефитот од користњето на заеднички работен простор кој е
целосно бесплатен е огромна. Бидете дел и вие од новата бизнис комуна во градот,
посетете ја Јавна соба преку ден и надградете ја вашата успешност.