Добриот вкус не подразбира само купување квалитетни парчиња облека и детали, туку и да знаете како да ги комбинирате, особено кога се боите во прашање. Во текот на зимата, најголемиот моден предизвик е како да се облечете убаво и топло истовремено. За таа намена, ви претставуваме 15 модни предлози за студената сезона. Зимската гардероба не се сведува само на јакни, капути и останати парчиња во темни и придушени нијанси. Зошто не би одбрале светли и ведри тонови кои ќе го одразуваат вашиот карактер? Инспирирајте се од примерите во нашата галерија и пронајдете ја совршената палета за модерен изглед со стил.