Марк Волберг против Вил Ферел! Кој ќе биде глава на семејството?
Очувот Бред, е радиоводител, кој се труди неговите посиноци да го засакаат и да го викаат тато. Но, неговите планови се прекинати од нивниот биолошки татко, Дасти, кој се враќа.
Пристигнува комедијата на годината „Тато се врати“, филм исполнет со многу хумор на кој нема да можете да му одолеете, а да не го погледнете. Натпреварот помеѓу таткото и очувот е прикажан со истакнување на „сила“ и доминација.
Добродушниот Бред се обидува да биде најдобриот очув на светот за децата на Сара. Но, кога нејзиниот поранешен маж, Дасти, ќе се врати во градот, Бред почнува да се чувствува инфериорно. Фриволниот Дасти веднаш почнува да се наметнува со својата атлетска градба, грижата за домот и со својата харизма на лошо момче. Бред се наоѓа во незавидна ситуација, но ќе мора да се потруди за да ги освои симпатиите на семејството.
Во главните улоги се Вил Ферел (очувот) и Марк Волберг (таткото), една неверојатна магична спојка. Користејќи различни вештини за да ги придобијат децата, Волберг ќе се истакнува во секоја ситуација, додека Ферел покрај сите понижувања ќе се труди да остане добродушно мирен сѐ додека не доживее една ужасна јавна криза. На крајот, покрај сѐ тие ќе прифатат примирје и двајцата ќе бидат кул ко-татковци.
Премиерното прикажување на „Тато се врати“ пред македонската публика бешe на 21.01.2016, по што филмот е поставен на редовната кино програма во Cineplexx.
Divianarts.com е медиумски покровител на кино Cineplexx МК.