На 24 јануари (недела), со почеток во 16:00 чaсот, директно од сцената на Бољшој во киното Синеплекс ќе биде прикажан балетот „Скротување на фуријата“.
„Скротување на фуријата“ може да се протолкува како средба на две сили на природата чија љубов е надвор од обичните. Францускиот кореограф Жан Кристоф Мејлот ја адаптирал оваа комедија на Шекспир, наменета специјално за танчерите на Бољшој, и постигнува магнетно одвлекување на вниманието кое ќе ви го одземе здивот два часа, постојано танцување за разлика од останатите балетски изведби, претставувајќи ја смелоста и енергијата на Бољшој во сосема нов начин.
Многу додворувачи сонуваат за мажење на прекрасната и послушна Бјанка, вклучувајќи го и Лусентио. Но, нејзиниот татко нема да дозволи некој да се ожени со неа пред нејзината постара сестра, итрицата Катерина, која е оженета со самата себе. Катерина и понатаму е против врзување со некого, се додека не го запознае себичниот Петручио. Двете започнуваат игра на љубовта, со обиди и заведување, конечно наоѓајќи се во вистински натпревар кој може да ги измери нивните уникатни личности.
Divianarts.com е медиумски покровител на кино Cineplexx МК.