Од мали нозе, младата и талентирана сликарка Димитра Милан расте опкружена со уметноста, култивирајќи го личниот уникатен израз. Првите чекори во светот на сликарството ги прави пред четири години, кога нејзините родители го отвораат Институтот за уметност во Аризона, а на својата ќерка и дозволуваат да ги посетува сите курсеви што и’ го привлекуваат вниманието. Од класичните техники до современите комбинирани стилови, вештините на Димитра се зголемуваат, паралелно со нејзината желба да слика. Сето слободно време го посветува на подобрување и истражување на оваа креативна пасија, а на платното ја оживува фантазијата и своите најдиви соништа. Иако има само 16 години, денес Димитра Милан веќе е позната и етаблирана професионална уметница. Во продолжение, погледнете дел од нејзината уметност во галеријата.