Францускиот уличен уметник Жилиен Маланд, создава огромни, улични уметнички дела низ светот. Неговите големи мурали, најчесто ги прикажуваат децата, во свет полн со бои. Мланад, често соработува со локалните уметници, па така неговата работа често знае да биде контекстуална и прилагодена на местото каде се наоѓа сликата.
Жилиен Маланд е роден во Париз, својот креативен пат и сликање на мурали го започнал пред дваесет години. Објавил две книги за своите патувања и уличната уметност, а последната која ја објави („Extramuros“) опфаќа 3 години „globepainting“.
Патувал во Индија, Кина, Мексико, Индонезија и Виетнам!