Нема потреба да ја потрошите целата плата на луксузно дизајнерско парче само затоа што сакате целиот изглед да ви изгледа поскапо. Всушност, многу е едноставно како да го добиете тој изглед без да ги потрошите тешко заработените пари. Само треба да купувате – паметно!
Богатите материјали како преработената кожа, секогаш делуваат скапо – дури и кога не се. И евтините парчиња ќе изгледаат скапо и луксузно!
Полувер – долче вита, можеби изгледаат едноставно, но се извонредно шик и софистицирани, многу повеќе, отколку обичните полувери.
Како до скап изглед на чевли? Одберете едни со принт од змија.
Оставете го памучниот шал, одберете свилена опција за вашата комбинација да добие фенси нота!
Парчиња со тотално неочекувани детали, изгледаат луксузно и скапо.
Чанта со структура, изгледа полуксузно од чанта како вреќа.
На тесните пачиња облека шавовите повеќе се гледаат, затоа носете пошироки парчиња кои изгледаат cool и се помодерни.