Дури и малиот стан може да се претвори во удобно место за живот и работа, за топли романтични вечери, или, пак, за забавни средби со пријателите. Се’ што ви е потребно е мудро испланиран распоред и внимателен дизајн на ентериерот. Ви претставуваме еден совршен пример за таа намена – гарсониера со површина од близу 29 метри квадратни, која и покрај скромната површина е комплетно функционална и пријатна за секојдневен престој. Проектот е дело на дизајнерката Мария Дадиани, која од малиот еднособен стан во Москва создала компактно катче за живеење, каде не изостанува ниту добриот вкус. Уреден е во арт деко стил и со неутрални бои, а како во толку минијатурен простор се вклопени дневна соба, издвоена спална соба, кујна, гардеробер и бања, погледнете од фотографиите во продолжение.