Едгар Артис е талентиран уметник од Ерменија кој изработува мошне необични модни илустрации. Тој користи исечоци од хартија и други секојдневни предмети како што се цветови, овошје и сл. за да создаде интересни модни цртежи. Моделите на илустрациите изгледаат навистина креативно и несекојдневно, а ќе се согласите и дека многумина од нас би носеле такви прекрасни фустани како на цртежите. Големо браво за идејата!