Луксузната јахта “Elena” е произведена во 2009 година, а за нејзината градба биле користени автентичните цртежи кои датираат уште од далечната 1928 година. Оваа луксузна јахта зимно време се изнајмува на Карибите, додека летно време е достапна за крстарење по Источниот Медитеран. Капацитетот на јахтата е направен да може да престојуваат десетина луѓе. Кабините се целосно модерно опремени со клима уреди,посебни бањи, ТВ приемници, снек-барови и уште многу други погодности. Погледнете како изгледа оваа убавина!