Автор на фотографијата е Габи Баратиу која имала желба да направи ваква фотографија веќе неколку години. Локацијата е островот Мајот, остров познат по водните желки кои живеат таму. Во кадарот е токму една желка која зема воздух за да продолжи да плива, и тоа точно на зајдисонце. „Оваа фотографија е направена на првата вечер од престојот на островот”, вели авторката, задоволна што ѝ се остварила долгогодишната желба.