Македонскиот графички дизајнер Ѓорѓи Јаневски создаде серија минималистички постери посветени на легендарниот музичар Дејвид Боуви. Главната идеја зад постерите е стремежот на Боуви кон потрагата да се биде повеќе од човек. Постерите ја отсликуваат имагинацијата и креативноста на авторот Јаневски, а на нив е прикажана препознатливата уметничка шминка на единствениот Ziggy Stardust.