Овен
Добро се чувствувате оваа недела. Имате многу идеи, но не знаете како да ги реализирате.
Страствени сте и имате премногу енергија.
Не го запоставувајте својот друштвен живот, заради работата. Возможно е ново познанство на некој пат. Спортувајте.
Bик
Не очекувајте помош од други луѓе. Не се оптеретувајте со некои обврски кои не можете да ги сработите.
На работа, возможен е конфликт со партнерот и колегите. Важно е оваа недела да не трошите премногу пари. Одморете се и наполнете ги батериите.
Близнаци
Поспори сте од вообичаено. Не сте навикнати на таква ситуација, но имате голема енергија и упорни сте, така да се стигнувате да направите. Колегите се многу пријатни кон вас. Оваа недела соработката со жените е подобра отколку со спротивниот пол.
Некоја личност со која работите можеби ќе ви се допадне.
Rак
Добро ви оди на работа, се е стабилно.
Страствени сте оваа недела.. Повеќе внимание подарете му на партнерот. Доколку не сте во врска, ви претстои авантура. Некоја личност која одамна ви се допаѓа, може да се врати во вашиот живот. Бидете пријатни кон другите, без разлика што со многу луѓе не ви се разговара. Не мора да ја знаат реалната состојба.
Лав
Во семејството владее некоја напнатост. За да ја избегнете таа ситуација, посветете се на работата. Завршувајте се што до сега сте го одложувале. Креативни сте. Некоја машка личност може многу да ви помогне на работа.
Девица
Доаѓа период кога нема да бидете во добра комуникација со партнерот. Тие кои се слободни, оваа недела можат да запловат во врска со личност со која веќе биле порано. Тоа не е паметна одлука, затоа што се уште ја имате тежината од минатото и односите кои не се расчистени до крај. Сконцентрирајте се на иднината.
Можни се проблеми во сообраќајот.
Вага
Расположени сте. Поминувајте повеќе време со вашето семејство. Оваа недела е добар период за преместување на мебелот во домот или да фрлите некои стари работи. Некоја личност со која одамна не сте имале контакт, од фамилијата, ќе ве побара. Бидете на дистанца со сите оваа недела и своите обврски ставете ги на прво место.Можни се трошоци.
Шкорпија
Одете на кратко патување оваа недела. Не ја запоставувајте работата. Потрудете се да се фокусирате на комуникација со другите и што е важно за вас, да ги слушате и другите. Можеби некој има добра идеја која треба да ја прифатите. Приливот на пари е константен.
Стрелец
Бидете позитивни, затоа што се ќе си дојде на свое место оваа недела. Целиот труд и работа се исплатеше. Добивате комплименти од сите страни и убаво се чувствувате. Полни сте со работен елан и сега е време да ги завршите обврските кои требаше порано да ги направите.
Возможно е недоразбирање со партнерот или во вашиот живот ќе се врати некоја личност од минатото.
Јарец
Спори сте и носталгични. Битно е да разберете, дека некои работи не можете да ги смените. Бидете пријатни кон другите. Гледајте да не се оптеретувате со работа премногу, но и да не влегувате во расправии, затоа што имате некој проблем во приватниот живот. Направете план за оваа недела, така ќе ви биде полесно. Не потпишувајте важни документи.
Водолија
Многу сте уморни. Имате чувство дека ништо не ви оди од рака. Сепак, расположени сте за дружење и за нови контакти. Позитивни сте, без разлика што се не ви оди по планот. Најбитно е дека се работите на време. Спијте повеќе. Внимавате на работа, да не доцните со зададените рокови.
Риби
Оваа недела очекувајте некои проблеми со пријателите. Не се нервирајте доколку се не оди како сте замислиле, едноставно, не очекувајте многу помош од други луѓе. Некои личности со кои не сте биле во контакт долго време, можат да се вратат во вашиот живот. Ова се однесува на пријатели. Не претерувајте со планирање, бидете практични, размислувајте само за сегашноста.Не си правете самите на себе притисок, оваа недела